ДРАМА ВО ВИЕНА: 140 луѓе заробени на брод сред надојдениот Дунав

960
EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Поради поплавите предизвикани од силниот дожд, 140 патници на швајцарски брод за крстарење мораат да останат во Виена бидејќи не можат да го напуштат бродот бидејќи се заглавиле во надојдениот Дунав.

Навигацијата по Дунав е прекината, а мостот до пристаништето е поплавен, па патниците не можат да излезат од бродот, пренесува Тагешпигел.

На околу 100 патници и околу 40 членови на екипажот во моментов не им е дозволено да го напуштат бродот „Тургау престиж“, кој е закотвен на брегот, јави швајцарската телевизија СРФ, повикувајќи се на туристичката компанија Тургау Травел.

Директорот на компанијата Даниел Паули-Кауфман објасни како настанала оваа ситуација.

– Кога тргнавме, ниту најценетите експерти не можеа да предвидат дека Дунав не може да биде пловен на овие простори.

Според извештаите на медиумите, во Виена се блокирани и други бродови за крстарење.