Железничките линии меѓу станиците Пушташболча и Ерда кај Будимпешта се затворени за сообраќај поради дојава дека е поставена бомба, јави денеска МТИ.
Наместо возови, распоредени се автобуси кои ќе ги префрлаат патниците од возот, додаваат од агенцијата.
Унгарската железничка компанија Мавинформ соопшти дека поради заканата од бомба можни се значителни доцнења на железничките линии Будимпешта-Печ и Будимпешта-Капошвар.