Драма во Лондон: Маж со автомобил прегази луѓе на тротоар, има тешко повредени

40

Во центарот на Лондон на Божиќ се случи страшен инцидент кога автомобил налетал на пешаци. Четири лица се пренесени во болница, а едно се бори за живот.

Овој настан предизвика вознемиреност кај граѓаните на Лондон, особено што се случи во популарна туристичка област.

Метрополитен полицијата брзо реагирала и го уапсила осомничениот за обид за убиство. Полицијата потврди дека инцидентот не бил терористички акт, пренесе „Дејли мејл“.

„Полицијата брзо реагираше и за неколку минути го уапси мажот. Се верува дека осомничениот бил вклучен во расправија во ноќен клуб пред да се качи со својот автомобил на тротоарот“, изјави заменик-помошникот на полицискиот комесар Стјуарт Канди.

На местото на инцидентот видливи се траги од крв и лични предмети.

Во соопштението на полицијата се наведува дека инцидентот е изолиран и не е поврзан со тероризам. Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со расправија во ноќен клуб.