Тренерот Лос Анџелес Лејкерс Џеј-Џеј Редик откри дека членовите на неговото семејство биле меѓу евакуираните од Лос Анџелес, кој зафати голем пожар.

Во тој дел од Калифорнија, беше прогласена за вонредна состојба, затоа што пожарот од 10 хектари се прошири на 2.900 хектари, за само неколку часа. Крис Кроули, шефот на пожарникарите нареди евакуација на повеќе од 30.000 луѓе и додаде дека се загрозени околу 13.000 објекти.

Пожарот избувна во вторникот и се прошири поради силните ветрови од околу 80 километри на час, па направи пустош во регионот.

Џеј-Џеј Редик, каде што неговиот тим играше на гости против тимот на Далас, ги следеше настаните од Калифорнија и доби известувања за локацијата на членовите на неговото семејство, кои мораа да бидат евакуирани.

  • Само сакам да им испраќам молитви на сите во Палисејдс (област во Калифорнија која беше зафатена од пожарите) во моментов. Јас живеам таму. Моето семејство, семејството на мојата сопруга и нејзината сестра близначка се евакуирани. Знам дека многу луѓе во моментов се исплашени, вклучително и моето семејство. Се надевам дека сите се на безбедно место, истакна Редик.

Од клубот потврдија дека тимот ќе се врати во Лос Анџелес, иако постои загриженост дека ќе има тешкотии за време на слетувањето поради густиот чад.

Меѓу евакуираните лица од загрозените области се наоѓа и 90-годишната мајка на тренерот на Голден стејт, Стив Кер.

  • Сè што гледам и она што го читам дека се случува таму е застрашувачки. Затоа, испраќам молитви до секој што е сега таму. Јасно е дека натпреварите сега се во втор план, порача Кер.

 

ИЗДВОЕНИ