Драма во Керченскиот Теснец: Потонаа два руски танкери, се излеа нафта

133
Screenshot X

Откако два руски танкери налетаа на жестоко невреме придружено со силни бури и бранови во Керченскиот теснец, тие се судрија, при што дојде до излевање на нафта и сега тонат.

„Денеска два танкери „Волгоњефт-212“ и „Волгоњефт-239“ се оштетени поради невреме во Црното Море. На бродот има екипаж од 15 и 14 лица“, соопштија руските власти.

Веднаш била организирана спасувачка акција, а на местото на несреќата се испратени два хеликоптери. Како што јави РИА, евакуацијата е во тек.

Федералната државна институција „Поморска спасувачка служба“ и Министерството за вонредни ситуации на Русија преземаат мерки за отстранување на нафтата, а со нив раководи оперативниот штаб формиран во Ростов на Дон.

Руските медиуми јавуваат дека 8 членови на екипажот на бродот Волгоњефт-212 се извлечени од водата, а продолжува спасувањето на останатите лица.