Кошаркарите на шпанскиот Билбао поминале низ вистинска драма на небото по натпреварот од Лигата на шампионите на ФИБА против францускиот Шоле (82:75). По враќањето од Франција, нивниот авион бил погоден од гром и настанала паника.
При слетувањето на авионот од Амстердам патниците почувствувале силен светлосен блесок, но и покрај паниката се завршило без никакви проблеми.
Ударот на гром во авион не е опасен за безбедноста на патниците, бидејќи тие се дизајнирани да издржат такви удари и имаат системи за заштита од гром. Можно е авионот да се затресе или да доживее привремен дефект, но шансите за трагедија се минимални.