Драма на лет за Њујорк: Авион со 199 патници принудно слетал во Рим во поради сомнеж за бомба

429

Авион на Американ ерлајнс денеска беше пренасочен кон Рим по закана за бомба и слета на римскиот аеродром Фиумичино, соопштија извори блиски до аеродромската служба.

Боингот со 199 патници бил на пат од Њујорк кон Њу Делхи, но предупредувањето за бомба го принудило да ја смени рутата и без инциденти слетал во Фиумичино, каде што според истите извори „сите патници се симнале“.

Пред да слета на аеродромот во Рим, авионот го следеле два авиони на италијанското воено воздухопловство.

„Полицијата ги врши проверките предвидени со аеродромскиот протокол“, велат истите извори, додавајќи дека неочекуваното слетување не влијаело на работата на аеродромот.

ИЗДВОЕНИ