Драма на лет од Њујорк: Две тела пронајдени во авионот по слетувањето

126

Две тела се пронајдени во делот на опремата за слетување на авион ЏетБлу (JetBlue) откако тој слета на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл-Холивуд, соопшти авиокомпанијата. Инцидентот е последен во низата безбедносни проблеми во авио индустријата.

Телата беа откриени во понеделникот вечерта за време на рутински технички преглед на авионот по летот. Идентитетот на лицата не е познат, а од авиокомпанијата изјавиле дека „околностите под кои се качиле во авионот се предмет на истрага“, пренесува nova.rs.

Авионот последен пат полета како лет 1801 од меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк. Тој слета во Форт Лодердејл во 23:10 часот, според веб-страницата за следење летови FlightAware. Канцеларијата на шерифот на округот Бровард и лекарите биле на местото на настанот, надвор од терминалот ЏетБлу, објави огранокот на Си-Ен-Ен, ВФОР.

Аеродромските операции не се засегнати од истрагата, потврди за Си-Ен-Ен портпаролката на Одделот за авијација на округот Бровард, Арлин Сачел.

Откритието доаѓа само две недели откако беше пронајдено тело во делот за тркалата на авион на „Јунајтед ерлајнс“ на лет од Чикаго до Мауи.

Федералната управа за авијација (FAA) наведува дека нелегалните патници често го користат одделот за опрема за слетување, несвесни за тоа колку е тесен просторот кога тркалата се повлекуваат. Оние кои не се згмечуваат обично губат свест од недостаток на кислород или замрзнуваат кога авионот ќе достигне висина на летот.

Според извештајот на FAA од 2011 година, околу 80 проценти од луѓето кои се обидуваат да патуваат во делот на тркалата или други надворешни делови на авионот не преживуваат.

ИЗДВОЕНИ