Германската полиција уапсила маж што во текот на натпреварот меѓу Данска и Германија се качил на покривот на стадионот. Лицето предизвикало голема паника на полувремето и токму поради неговото апсење доцнел почетокот на вториот дел. Не се знае какви биле намерите на уапсениот.

  • Полицијата го уапси човекот. Тој во тоа време не бил опасен за другите луѓе. Не можеме да дадеме информации за неговиот идентитет или мотиви – се вели во полициското соопштение.

Во апсењето помогнал и хеликоптер, кој го осветлил човекот.