Драгана Мирковиќ обожава да јаде тетовски грав – најслатко ѝ е од жешкото тенџере – Популарната пејачка пред Скопскиот концерт има само една голема желба

618

„Многу е нормална, парите не ѝ удриле во глава, иако е мошне богата. Денес може да јаде и јајца на око, а утре веќе некој специјалитет во луксузен кралски ресторан“,  раскажува нејзината поранешна собарка

Балканската музичка ѕвезда Драгана Мирковиќ, која на 24-ти мај, по подолга пауза, ќе одржи концерт во Скопје, за своите верни македонски фанови открива неколку интересни пикантерии од својот живот. Откако се разведе од бизнисменот Тони Бијелиќ, по повеќе од две децении брак, Драгана признава дека сега слободно дише.

Меѓутоа, поранешната лична собарка на Драгана, која со години работела во нејзиниот замок во Виена, ја сподели својата приказна за тоа каква е пејачката кога не е на сцената?

-Драгана никогаш парите не ѝ удриле в глава. Многу е нормална. За неа финансиите немаат некое големо значење без разлика на тоа што е многу богата. Драгана ја познавам цел живот, а парите карактерно не ја променија. Денес може да јаде и јајца на око, а утре веќе некој специјалитет во луксузен кралски ресторан, вели собарката. Мене ме третираше како личност, што значи дека бев одлично почитувана никогаш понижувана. Драгана бараше максимална чистота во куќата, бараше хигиена како во аптека. Жената е премногу чиста и не сака растурени спални и дневни соби. Не сака валканите алишта да стојат во машина за перење. Мене и моето семејство ме носеше на летни и зимски одмори, а на син ми му купи автомобил, раскажува поранешната собарка за Драгана Мирковиќ.

Инаку, таа веќе не работи кај неа, а за тоа има само една цврста причина.                    – Навистина, имав премногу обврски во кујната. Омиленото јадење на Драгана секогаш беше надалеку прославениот македонски грав, особено оној од тетовскиот крај. Гага, како што нагалено ја ословував, македонскиот грав секогаш го јадеше со ентузијазам, дури и од самото тенџере, онака жешко од шпоретот. Тоа ѝ беше најслатко.  А, гравот имаше за неа и позитивни здравствени придобивки. Во врска со стомакот! Малку е познато дека Драгана воопшто не ги сака странските кујни.        Само српската и македонската. По дома постојано се смеевме кога ќе ни ги раскажуваше случки од некојси приеми и коктели. Доаѓаше во ситуации, од учтивост, онака уштиркано, со кисела насмевка, да јаде секакви странски шејкови и тешко варливи морски плодови…

(Д.М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ