„Драг Христијан проширувањето останува врвен приоритет за ЕК“, порача Фон дер Лајен

48

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска пристигна во посета на Македонија. Таа на прес конференција во Владата порача дека проширувањето останува врвен приоритет за Комисијата во следните 5 години.

Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: П. Стојановски

„Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

Претседателката на ЕК посочи дека Северна Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.

„И навистина сакам да ја пофалам Северна Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.

Премиерот Мицкоски истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат мпочитувајќи го ставот на граѓаните.

Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.