Дозна дека ќе стане мајка на нивното прво заедничко дете, па го напушти: Меган Фокс откри зошто го остави Машин Ган Кели во најчувствителен период

49
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерката Меган Фокс повторно го напушти раперот Машин Ган Кели со кој чека дете. Само еден месец откако откри дека ќе стане мајка по четврти пат, а првпат со раперот, се појави веста дека Меган ја прекинала врската, а сето тоа поради „вознемирувачка содржина на неговиот телефон“.

Сега, неименуван извор близок на актерката открил дека пораките кои Машин Ган Кели им ги испраќал на други жени откако неговата свршеница, една од најубавите жени на светот, забременила.

Двојката наводно ја прекинала врската во текот на викендот на „Денот на благодарноста“ во Колорадо, пишува Ти-ем-зи.

Меган Фокс е бремена во шестиот месец и треба да се породи во март. И покрај тоа што поранешната двојка долго време копнееше по дете, а актерката во минатото имаше спонтан абортус, радоста на новото бебе не можеше да ја спаси оваа врска.

„Кога отидоа на одмор таа стана сомнителна, па реши да го погледне неговиот телефон“, изјави изворот и открил дека актерката пронашла пораки што ги разменувал со други жени, поради што го оставала.

„Секогаш имаше проблеми кога довербата е во прашање, сè поради неговото однесување во минатото“, изјавил истиот извор за „Пејџ сикс“, и додал:

„Меган е силна, независна жена и не ѝ треба маж во животот“.