„Досетливи“ сопственици: За „пица со ананас“ наплаќаат 120 евра, за никој да не ја порачува

56

Пицеријата „Лупа“ во Норвич, Англија, наплаќа околу 120 евра (100 фунти) за хавајска пица со шунка и ананас во обид да ги обесхрабри клиентите да нарачаат пица.

Сопствениците и персоналот на пицеријата „Лупа“ се против правење пица со ананас, па на менито изјавиле: „Да, можете да ја добиете за 100 фунти. Нарачајте и шампањ! Само напред, чудовишта!“, објавија „Гардијан“.

„Апсолутно мразам ананас на пица“, вели косопственикот на пицеријата Френсис Волф.

Главниот готвач Квин Џаноран рече дека повеќе би сакал да стави јагода на пица отколку ананас.

YouGov спроведе истражување во 2017 година кое покажа дека 84 отсто од Британците рекле дека сакаат пица, 82 отсто рекле дека сакаат ананас, а 53 отсто рекле дека сакаат ананас на пица. Околу 41 отсто од Британците изјавиле дека не сакаат ананас на пица.

Оние кои не сакаат ананас во италијанските специјалитети, додавањето на ова овошје го сметаат за вистинско гастрономско сквернавење.

Патем, создавањето на хавајската пица обично му се припишува на Сем Панопулос, кој емигрирал од Грција во Канада во 1954 година кога имал 20 години и водел неколку ресторани во Онтарио со неговите двајца браќа.

Панопулос почнал да додава ананас во пиците во 1960-тите, кратко откако Хаваи се приклучиле на САД во 1959 година.

Тој рече дека пицата ја нарекол „хавајска“ по марката на конзервираниот ананас што го користел.

ИЗДВОЕНИ