Досега најжестока закана од Трамп кон Иран: „Мора да се откажете од нуклеарното оружје или ќе се соочите со воен одговор“

121

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран мора да се откаже од секакво тежнеење за нуклеарно оружје или да се соочи со можен американски воен напад врз неговите нуклеарни постројки.

Трамп им рече на новинарите дека верува дека Иран намерно го кочи нуклеарниот договор, неговата изјава дојде по средбата меѓу американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во саботата во Оман, објави Ројтерс.

И САД и Иран по разговорите во Оман рекоа дека разговорите биле „позитивни“ и „конструктивни“.

„Иран мора да се ослободи од концептот на нуклеарно оружје. Тие не можат да имаат нуклеарно оружје“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ