ДОПРВА ЌЕ ГО ДОЖИВЕЕМЕ ПЕКОЛОТ- Ланското лето било најтопло во историјата, а ова ќе биде уште пожешко?

135

Лани низ целиот свет се уриваа температурни рекорди, па 2023 година беше прогласена за најтопла од 1850, од кога постојат детални метеоролошки податоци. Ново истражување покажува дека топењето на ледниците на Гренланд годинава низ Европа ќе ѝ донесе уште поголеми жештини

 

По ланското лето кое ги урна температурните рекорди, загревањето на Гренланд на Европа годинава ќе ѝ го донесе пеколот, прогнозираат експертите.

Дека постојаното зголемување на температурата на Гренланд, што предизвикува топење на ледниците, може да доведе до поголемо загревање и на Европа, тврди д-р Марилена Олтманс од Националниот океанографски центар во Обединетото Кралство, која е авторка на истражување објавено во списанието Weather and Climate Dynamics.

-Врз основа на идентификуваниот синџир на настани, очекуваме услови поволни за невообичаено топло и суво лето низ јужна Европа оваа година, смета таа.

Појаснува дека голема количество стопена вода од глечерите се влева во Атлантикот поради топлата клима на Гренланд. Стопената вода е полесна од морската, па затоа се наоѓа на врвот на океанот, што ја намалува размената на топлина меѓу воздухот и морето. Ова води до посилен ветeр околу регионот на стопената вода. Ветровите зиме произведуваат промена на курсот на Северноатлантската струја кон север, па во претстојното лето тие ќе ја следат насоката на струјата и ќе се насочат северно.

-Ова овозможува услови за формирање голема атмосферска циркулација што доведува до потопло и посуво време низ Европа, се наведува во истражувањето.

Олтманс стои на ставот дека слатките води од стопените глечери се фактор кој може да послужи за предвидување на времето во Европа.

Ако овие долгорочни прогнози се точни, тогаш претстојното лето низ Европа би било навистина пеколно. Лани низ целиот свет се уриваа температурни рекорди, а 2023 година беше прогласена за најтопла од 1850 година од кога постојат детални метеоролошки податоци. Според сервисот за климатски промени „Коперник“, многу веројатно е дека ланското лето било најтопло во историјата.

-Јули 2023 година беше најтоплиот јули досега во светот, изјави Сара Капник од Националната управа за океани и атмосфера.

Кога е во прашање Европа, во Женева беа измерени 39,7 Целзиусови степени, што е највисока температура откога се мери. Во Сарагоса биле измерени 44,5 степени. Температурни рекорди се регистрирани и во Франција, каде што во Сент Етјен се измерени неверојатни 41.1° Целзиусови , а во Шамбери и Екс ле Бен биле измерени 38,8 степени. Исто така во Франција, во градот Ембрун била измерена температура од 36,7 степени, што претставува температурен рекорд.

Јужна Европа повторно се печеше во јули, а рекорди урнаа и Кина и пограничниот регион помеѓу САД и Мексико.

Глобалните температури во септември беа толку многу повисоки од нормалните што еден климатски научник ги нарече „апсолутно изненадувачки“.

-Знаеме дека оваа дополнителна топлина во атмосферата со себе носи дополнителна енергија, што значи дека добиваме поинтензивни, екстремни настани, вели Саманта Бурџис од Службата за климатски промени на ЕУ.