Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова потпишаа нов договор, директна поддршка од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2024 година.
Станува збор за дополнителни 53.000.000 денари за целосно заокружување на финансиската рамка и реализација на проектот за заштита на Дојранското Езеро, во кој се реализира целосна санација на колекторскиот систем, изградба на нова пречистителна станица, изградба на целосна канализациона мрежа во село Црничани и изградба на две мини пречистителни станици во Фурка и Црничани.
Воедно, во наредните денови отпочнува санација на некои делови од хидросистемот „Дојранско езеро“, а веднаш потоа и негово пуштање.
Градоначалникот Ангов уште еднаш напомена дека водостојот на Дојранското Езеро е над нулта кота и истата се следи постојано, а хидросистемот е потребно да биде во функција и да се користи тогаш кога за него ќе има потреба.