Првостепениот СУД на БиХ го осуди претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за „неспроведување на одлуките“ на Кристијан Шмит и го осуди на една година затвор и забрана за вршење на должноста претседател на шест години од денот на правосилноста на пресудата, соопшти Судот.
Вршителот на должноста директор на „Службени гласник“, Милош Лукиќ, е ослободен од обвинението за сторено кривично дело. Во однос на предлогот на Обвинителството на БиХ, кој се однесуваше на утврдување на правните последици од осудата, Судот не донесе посебна одлука од причина што правните последици од осудата се јавуваат автоматски, односно по сила на закон, по правосилноста на пресудата, се наведува во соопштението.
Со потврденото обвинение, Обвинителството на Босна и Херцеговина ги обвини дека како функционери во институциите на Република Српска „не ги применувале и не ги спроведувале одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина“.
Рокот за поднесување жалба до Апелација е 15 дена.
Судијата во постапката, Сена Узуновиќ, рече дека мерката за забрана на Додик да ја извршува функцијата претседател е изречена поради стравување дека може да го повтори делото. Според пресудата, претседателот на Српска е должен да ги плати судските трошоци, пренесе Срна.