Дончиќ си ја отвори душата: „Ми го скршија срцето“

301

Лука Дончиќ, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, за прв пат јавно проговори за емотивниот шок што го доживеа откако ненадејно беше трејдуван од Далас Маверикс – тимот во кој планираше да ја помине целата своја кариера.

Во интервју за ESPN, Словенецот призна дека одлуката на управата на Далас, предводена од генералниот директор Нико Харисон, длабоко го погодила.

“Беше тажно да слушнам што кажа Нико по трејдот. Никогаш не сум кажал ништо лошо за него, но сакам да го оставам тоа зад мене. Навивачите, поранешните соиграчи… сите ќе останат во моето срце. Време е да продолжиме понатаму”, искрено порача Дончиќ.

Тој додаде дека негативната реторика од Далас особено го повредува.

“Зависи од кој агол гледаш на тоа, но може да биде болно. Главно негативните зборови доаѓаа од нивна страна, а јас не сакав да одговорам. Не го следам тоа внимателно, се обидувам да се фокусирам на мојата кариера”.

Тој се присети и на моментот кога дознал дека повеќе не е член на Маверикс.

“Лежев во кревет, гледав филм на таблетот бидејќи не ми работеше телевизорот. Кога ги слушнав вестите, помислив дека можеби е 1 април. Бев шокиран, тажен… Срцето ми беше скршено. Сакав да ја завршам кариерата како Маверик, но сега сакам да останам во Лејкерс”.

Во замена за Дончиќ, Далас го доби Ентони Дејвис. Словенечката ѕвезда сега води со Лејкерси во плеј-офот, каде во првото коло се соочуваат со Минесота Тимбервулфс.

ИЗДВОЕНИ