ДОНЧИЌ ШОКИРАН: Не можеше да верува што го прашал Леброн Џејмс

852

По шокантниот потег на управата на Далас Маверикс, која реши да го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, а во спротивна насока дојде Ентони Дејвис (кој веднаш се повреди), словенечкиот репрезентативец дебитираше за славниот тим од Калифорнија – и призна дека бил во шок пред мечот.

Имено, како што пренесува „Јутарњи лист“, 25-годишниот Дончиќ по дебито за Лејкерси откри колку бил воодушевен од симболот на клубот, кој е 15 години постар од него. А, го воодушеви веднаш откако станаа соиграчи.

Имено, Леброн Џејмс му ја даде честа да биде претставен последен од сите играчи на Лејкерс, што по непишано правило е резервирано за најголемата ѕвезда.

„На денот на мојот прв натпревар за Лејкерси ми испрати порака во која ме праша кога сакам да бидам објавен на претставувањето на играчите. Сам да изберам! Фактот што ме контактираше е неверојатен и покажува каква личност е тој. Тој ми дозволи да го имам мојот момент и навистина го ценам тоа“, изјави словенечкиот интернационалец.

„Кралот на кошарката“ ги воодушеви навивачите и со својот говор пред натпреварот, кога пред насобраните соиграчи му порача на Дончиќ:

„Не се обидувај да ја промениш твојата игра или да се адаптираш. Лука, биди свој!

А, Дончиќ го одигра првиот натпревар за Лејкерси. И веднаш призна дека „одамна немав таква нервоза на теренот кога почна натпреварот“. Веројатно дека тоа е причината зошто тој навистина не блескаше како обично.

ИЗДВОЕНИ