Ждрепката за претстојниот Еуробаскет, што се одржа во Рига, посака дуел уште на стартот меѓу едни од најдобрите кошаркари на денешницата, Словенецот Лука Дончиќ и Французинот Виктор Вембањама. Двете селекции се најдоа во групата – Д, заедно со Полска, Израел, Белгија и Исланд,
Најдобар распоред доби Србија и Никола Јокиќ, секако доколку би се придружил на репрезентацијата, кои ќе играат во Летонија со Естонија, Португалија, Чешка, Турција и домашната репрезентација.
Актуелниот светски шампион Германија се најде во група со домаќинот Финска, како и Литванија, Шведска, Велика Британија и Црна Гора. Групата – Ц ја сочинуваат бранителот на титулата Шпанија, потоа Грција, Италија, Грузија, БиХ и домаќинот Кипар. Во нокаут-фазата ќе се пласираат најдобрите четири селекции од секоја група, а завршниот дел од првенството ќе се одржи во Рига.