Мајката на Лука Дончиќ, Мирјам Потербин (48) му даде поддршка на синот Лука во натпреварот кој многу му значел – против Далас.

Лука постигна „трипл-дабл“ (19 поени, 15 скокови, 12 асистенции) и беше особено мотивиран да му се одмазди на тимот што го избрка од Тексас еден месец претходно. Тој се подготвуваше за тоа со денови во Мексико со неговиот татко Саша, а во неговиот најважен меч во Лос Анџелес ја имаше поддршката од целото семејство.

Мајката Мирјам не сакала, ниту се осмелила да го пропушти мечот пред кој нејзиниот син намерно го испровоцирал Далас правејќи склекови, како одговор на озборувањата дека е претежок за НБА, што ги ширеше неговиот поранешен клуб. Таа беше таму да го поддржи, како и целата сала.

Во изминатите шест и пол години, Мирјам го посетуваше својот син во Тексас, каде што купи нова куќа за неговото семејство, свршеницата Анамарија Голтес и нивната ќерка Габриела Дончиќ, родена во декември 2023 година, пред да се пресели во Лос Анџелес.

Сепак, новите сопственици на Далас, предводени од семејството Аделсон и во договор со генералниот менаџер Ник Харисон, решија дека е време да се збогуваат, иако Дончиќ е еден од најдобрите играчи во лигата и има само 25 години.

Почнувајќи од оваа зима, целото семејство Дончиќ станаа домаќини во Лос Анџелес, каде што во ложата почесто ќе ја гледаме мајката на Лука, Мирјам, како и неговиот татко Саша. Инаку, неговите родители се разведени од 2008 година.

ИЗДВОЕНИ