За прв пат од сезоната 2012/2013, Стеф Кари или Леброн Џејмс не се на првото место кога е продажбата на дресови во прашање. Овој пат, лидер на оваа листа е Словенецот Лука Дончиќ, кој со тоа стана првиот интернационалец што го држи тронот во најсилната кошаркарска лига во светот, што доволно зборува за неговата популарност.

Веднаш зад него се Кари и Леброн, па следуваат: Џејсон Тејтум, Џејлен Брансон, Виктор Вембањама, Шеј Гилџес-Александер, Никола Јокиќ… Ова е само доказ дека Лејкерс добива големи суми од маркетингот и од продажбата на дресови, додека, во исто време, во Далас се случува спротивното.

Прогнозите се дека Мавс ќе загуби милиони во наредните години поради одлуката да го размени Дончиќ. Впрочем, оваа информација потврдува колку е популарен Дончиќ и колку се заинтересирани навивачите во светот за неговиот дрес и за сè што е поврзано со него.

ИЗДВОЕНИ