Уште една одлична партија одигра словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ и му донесе израмнување на својот Лос Анџелес лејкерс во плејоф-серијата против Минесота.

Откако направи Минесота „брејк“ на првиот натпревар во „Стејплс центарот“, каде што поведе со 1:0, Лејкерс брзо се созеде и израмни во серијата на 1:1. Тимот од Градот на Ангелите славеше пред полна сала со 94:85, а прва виолина беше Дончиќ. Тој го заврши мечот со 21 поен, 12 скока и девет асистенции, а, покрај него, кај Лејкерс се истакна Леброн Џејмс со 21 поен, 11 скока и седум асистенции.

До нова победа и водство од 2:0 во серијата дојде Индијана откако и на вториот меч на домашен терен беше подобра од Милвоки со 123:115. Водство од 2:0 во серијата до четири победи има и Оклахома, со триумфот над Мемфис од 118:99.

ИЗДВОЕНИ