Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ, пред неколку дена, дебитираше за Лос Анџелес лејкерс откако пристигна од редовите на Далас преку бомбастична размена со Ентони Дејвис. Лејкерс, на домашен терен, ја совладаа Јута со 132:113, а Дончиќ не импресионираше со своето деби. Тој имаше најлош учинок од сите стартери на Лејкерсм со 14 поени, пет скока и четири асистенции. Мина 24 минути на теренот, реализираше 36 отсто од своите удари од поле (5/14), а погоди само еден од седумте обиди за тројка.

Затоа Леброн Џејмс беше на препознатливото ниво, со 24 поени, седум скока и осум асистенции, Остин Ривс додаде 22, а Руи Хачимура 21 поен. Пред натпреварот, на сите трибини беа истакнати дресови со бројот „77“ на Дончиќ, и Леброн Џејмс излезе да се загрева во тој дрес. Пред натпреварот, тој му даде неколку совети на Словенецот.

  • Не обидувај се да ја промениш играта или да се приспособиш – порача Леброн, со што ги воодушеви навивачите на Лејкерс.

По дебито за Лејкерс, Дончиќ (25) откри дека тоа не е единственото нешто што го импресионирало кај симболот на клубот, кој е 15 години постар од него. Имено, Џејмс му ја дал честа да биде последниот што ќе биде претставен во редовите Лејкерс пред натпреварот, во моментот кога се најавуваат играчите.

  • На денот на мојот прв натпревар за Лејкерс, ми прати порака за тоа кога сакам да бидам најавен при претставувањето на играчите. Ми даде шанса да изберам. Фактот што ми се јави е неверојатен и покажува каква личност е. Тој ми дозволи да го имам мојот момент и навистина го ценам тоа – откри Дончиќ.

ИЗДВОЕНИ