Лука Дончиќ продолжува да игра добро за Лејкерси и од ден на ден им покажува на челниците на Далас каква грешка направиле кога го трејдуваа. Во поразот од Бостон, негов прв откако дојде во тимот од Лос Анџелес, постигна 34 поени, со осум скока и три асистенции. Сепак, има еден детаљ кој го загрижува и него и тимот.
Прашањето е повредата на препоните на Леброн Џејмс, која го натера да ја напушти играта на седум минути пред крајот на натпреварот. Постои шанса да отсуствува неколку недели.
- Се надевам дека не е ништо, треба доволно време, тоа се повреди со кои не се справува лесно. Како тим мораме да имаме менталитет дека следниот меч мора да го добиеме, изјави Дончиќ.
Словенецот призна дека и тој не се чувствува добро и дека игра и покрај болките кои ги чувствува во грбот.
- Чувствувам болка во грбот откако паднав на последниот натпревар, но тоа не е ништо сериозно, истакна плејмејкерот.