Лука Дончиќ изгледа дека го симна товарот од грб по сето она што се случуваше изминатата седмица и трејдот од Далас во Лис Анџелес Лејкерс. Тешко му падна сè што се случи, кога мораше да го напушти градот и клубот во кој помина речиси шест години, но сега е поинаку, што може да се види од снимките што се појавија од тренингот.

Пред мечот со Шарлот се одржа отворен тренинг за медиумите, а на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат разни снимки. Таму се гледа дека Лука е одлично расположен. Тој во еден момент погоди шут од половина терен, кој неколку тренери не успеаја да го изведат, што резултираше со казна. За казна мораа да прават склекови. Ова го забележа Словенецот и победнички ги крена рацете.

Во еден момент тој се пошегува ставајќи топка под дресот, покажувајќи го „стомакот“, а многумина тоа го сфатија како прозивка до Ник Харисон, генералниот директор на Далас и сопственик на клубот. Од неговото заминување почнаа да шират муабети дека се здебелил, дека има премногу килограми и дека наводно тоа е причината за трејдот.

ИЗДВОЕНИ