Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ заврши во првите редови на Федекс Форумот во победата на неговиот тим над Мемфис (134:127).
Се играше последната минута од натпреварот кога врз Словенецот беше направен прекршок, по што тој буквално „експлодираше“. По туркањето, тој заврши на клупата на Мемфис, удри во столче и револтирано извика.
– Доста ми е од оваа с**ње – можеше да се прочита од усните на Дончиќ додека беше на теренот.
"I'm so over this sh*t."
Luka Doncic after he dived for the ball 😂pic.twitter.com/aX4qX51inM
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 30, 2025
Дончиќ мечот го заврши со 29 поени, осум скока и девет асистенции. Заедно со Осин Ривс и Леброн Џејмс, тој стана првото трио во историјата на НБА кое поединечно има најмалку 25 поени, пет асистенции, пет скока и најмалку две тројки постигнати во еден натпревар во НБА.