Ерата на Лука Дончиќ со Лос Анџелес Лејкерс официјално започна откако НБА ѕвездата дебитираше за својот нов клуб во понеделникот вечерта. Лејкерси ја совладаа Јута со 132:113, меч во кој „езерџиите“ по шести пат во низа постигнаа најмалку 120 поени.
Тоа секако беше голем момент за Словенецот бидејќи првпат излезе на теренот со Леброн Џејмс и неговите нови соиграчи. Ова беше и негов прв натпревар по Божиќ, бидејќи Дончиќ закрепнуваше од сериозната повреда на телето пред Маверикс да решат да го трејдуваат.
И уште пред да започне натпреварот, Џејмс му се обрати лично на 25-годишниот за време на последниот тимски разговор.
Џејмс му рекол на Дончиќ да ја игра својата игра и да не се грижи дали ќе се вклопи во Лејкерси, што на крајот беше експлицитна порака од четирикратниот шампион во НБА.
- Лука, биди е*ено свој. Не вклопувај се, гледај е*ено да се издвојуваш, изјави можеби најдобриот кошаркар на сите времиња.
“Luka, be your f—ing self. Don’t fit in, fit the f— out.”
-LeBron to Luka 🗣️ pic.twitter.com/qj8Tbk8M8R
— SportsCenter (@SportsCenter) February 11, 2025
Зборовите на „Кралот“ очигледно му беа од корист на Дончиќ, кој мечот го заврши со 14 поени, пет скока и четири асистенции за само 24 минути игра.
Можеби неговиот настап не беше толку добар како и обично, со 5/14 удари од поле и само еден центаршут од далечина, но тоа не е премногу загрижувачко со оглед на долгата пауза.