Донаторите се тркаат да дадат најголем придонес за инаугурацијата на Трамп

50
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Бројни компании, фирми за трговија со криптовалути, како и индивидуални милијардери се натпреваруваат кој ќе ја даде најголемата донација за претстојните свечени настани по повод инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, објавија денеска американските медиуми.

Сите ветија седумцифрени суми, со Амазон и Форд, како и милијардерот Кен Грифин, секој велејќи дека ќе донира 1 милион долари, додека фирмата за трговија со криптовалути Рипл вети дека ќе придонесе со 5 милиони долари во дигиталната валута, објави Си-Ен-Ен.

Големите донатори за возврат ќе можат да присуствуваат на вечера со свеќи со Трамп и неговата сопруга Меланија, приватен прием каде што ќе се дружат со членовите на администрацијата што доаѓа или ќе добијат ВИП покани за специјален бал.