Првиот голман на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Џиџи Донарума, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Иако имаше информации дека не е среќен во Париз и дека интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Наполи и Интер, искусниот голман изјави дека сака да го продолжи актуелниот договор со ПСЖ кој е со важност до 2026 година.