Доналд Трамп за Маск: „Не сака да си оди дома, не можам да се ослободам од него“

755
EPA-EFE/ALLISON ROBBERT

Во вторникот, Трамп го именуваше Маск за копретседател на новиот Оддел за владина ефикасност, при што извршниот директор на Tesla и SpaceX ќе ја предвои агенцијата заедно со Вивек Рамасвами. Агенцијата ќе работи „надвор од владата“, рече новоизбраниот претседател.

Во средата, пак, Трамп ја призна моменталната добра состојба на влијателниот милијардер за време на состанокот со републиканските лидери во Вашингтон.

– Илон не сака да си оди дома. Не можам да се ослободам од него, барем додека не почне помалку да ми се допаѓа – рече Трамп на средбата со републиканците од Претставничкиот дом.

Маск е постојано присутен на страната на Трамп додека тој се подготвува да ја преземе Белата куќа во јануари и вложи милиони долари од своето богатство во кампањата за реизбор на Трамп.

Извештаите покажуваат дека Маск го поминувал „речиси секој ден“ со Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида. Тој дури се приклучи на играта голф на Трамп со неговата внука, 17-годишната Каи Трамп. Милијардерот учествуваше и во разговори со светските лидери, вклучувајќи го и разговорот на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Новинарката Кара Свишер изјави за Си-Ен-Ен во неделата наутро дека инсајдерите на Трамп се збунети и вознемирени од степенот на влијанието на Маск.

– Дефинитивно се уфрлува цело време, таков е неговиот стил. Затоа и одеднаш се појавил таму како гостин кој не сака да си оди. Слушнав од луѓе на Трамп кои ми се јавуваат и ми велат: „О, леле, ова е чудно“. И мислам дека да, ќе видите многу повеќе – рече таа.

Милијардерот го основаше про-Трамп Америка PAC, па дури и лансираше дневна лотарија минатиот месец со која доделуваше 1 милион долари на луѓето кои потпишуваат петиција за поддршка на правата на првиот и вториот амандман.