Американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен го советува светот да не „губи премногу време“ на она што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го вели за Гренланд – дека автономната територија во рамките на Данска треба да помине под контрола на САД.
Во оваа смисла, Трамп во вторникот повторно зборуваше за Гренланд, па дури и рече дека не ја исклучува можноста со употреба на воена сила да и дозволи на Америка да го заземе овој огромен остров, североисточно од Канада и северозападно од Европа.
„Потребен ни е Гренланд поради национална безбедност“, рече Трамп на прес-конференција.
Блинкен, пак, вчера оцени дека амбициите на новоизбраниот претседател најверојатно ќе останат само приказна.
„Идејата што беше изразена во врска со Гренланд очигледно не е добра“, рече американскиот државен секретар за време на официјалната посета на Париз, додавајќи:
„Што е уште поважно, очигледно нема да се случи. Затоа, можеби не треба да губиме премногу време зборувајќи за тоа.