Австрискиот тенисер Доминик Тим неодамна објави дека става крај на активната тениска кариера. Повредата на раката го плати својот данок во претходните години, па Тим не можеше да се врати во старата форма и тоа значеше дека порано или подоцна ќе мора да ја прекине тортурата.

  • Здраво на сите, имам една многу важна, многу тажна, но и многу убава порака. Оваа сезона ќе биде последна во мојата кариера. Ќе ја завршам кариерата на крајот на годинава. Постојат неколку причини за ова. Како прво, мојот зглоб не е добар, како што треба, не како што би сакал да биде. Друга причина е внатрешното чувство. Долго и напорно размислував за тоа, целото патување во тенисот што го имав беше неверојатно. Имав успех и освоив турнири за кои никогаш не ни сонував. Патувањето беше неверојатно. Имаше подеми и падови, тоа е искуство за кое сум благодарен. Но, дојдов до заклучок дека одлуката да ја завршам кариерата на крајот од сезоната е правилна. Среќен сум со одлуката што ја донесов и возбуден за она што следува, изјави Тим пред две недели.

Шампионот на САД Опен од 2020 година објави дека не го напушта целосно тенисот, наведувајќи дека ќе се занимава со него цел живот.

  • Тренирав многу напорно, но резултатите не доаѓаат, а проблемите со рацете се враќаат. Затоа ми беше јасно каква одлука треба да донесам. Штом почнете да размислувате за пензионирање, тоа не е добар знак, изјави Австриецот.

Тој додаде дека нема целосно да се откаже од „белиот спорт“.

  • Имам некои идеи во мојата глава, но прво сè треба да се вклопи. Продолжувам да играм и да тренирам двапати, па сега немам време за други работи. Кога сè ќе заврши, ќе паузирам две-три недели, а потоа започнувам нешто ново. Отсекогаш сум велел дека имам 25 години такво големо искуство и дека морам да им го вратам на следните генерации. Ќе останам во тенисот, но сакам да започнам нов пат, истакна Австриецот и најави збогување во Виена во октомври.