Во Хизенбах, Австрија, викендов се одржаа два поединечни натпревари во Светскиот куп во ски-скокови за жени. Неверојатната Ника Превц (20) од Словенија повторно доминираше. Таа славеше двата дена, со што врза шест победи во низа сезонава и стигна до вкупно 11 победи сезонава.
Во неделата, славеше со 244 освоени бода, 2,5 повеќе од Германката Селина Фрајтаг и 17,4 од Абигали Страта од Канада.
Словенката имаше скокови од 90 и од 87 метри на малата скокалница во Хинзебах. Со овие триумфи, таа е на чекор до одбрана на Малиот кристален глобус во светскиот куп.
Ника Превц води во генералниот пласман со 1.533 бода, што е за речиси 500 бода повеќе од Кетрин Шмид од Германија.