Словенечкиот ски-скокач, Домен Превц, е победник на натпреварувањето во Светскиот куп во Оберстдорф, Германија. Тој ја запиша седмата победа во Светскиот куп со скокови од 226,5 и 231,5 метри или 436,8 освоени поени.

Второто место го зазеде Норвежанецот Јохан Андре Форфанг со 433,2 поени (скокови од 220 и 223 метри), додека трет беше Австриецот Михаел Хајбек со 429,1 поен (скокови од 220 и 229,5 метри).

Лидер во генералниот пласман на Светскиот куп и понатаму е Австриецот Даниел Чофениг.

Натпреварите во Светскиот куп продолжуваат следниот викенд кога на програмата е настанот во скијачки скокови во Вилинген, Германија.

ИЗДВОЕНИ