Модната куќа Долче и Габана лансираше нов парфем за кучиња без алкохол, наречен „Фефе“ по пудлицата на еден од сопствениците на куќата, Доменик Долче.
Новиот парфем чини 99 евра и е сертифициран за употреба на животни врз основа на италијанските правила за безбедна козметика за домашни миленици, објави АП.
На официјалната веб-страница посветена на „Фефе“ стои дека 100 отсто од сопствениците на кучиња кои ги консултирала компанијата се согласиле дека мирисот е нежен и дека кучињата добро го прифаќаат, како и дека ветеринарите го одобруваат производот.
Составот на парфемот вклучува иланг иланг, мошус и сандалово дрво. Некои ветеринари, сепак, не се согласуваат со употребата на парфеми за кучиња, бидејќи тие можат да го попречат нивното сетило за мирис, како и да ги прикријат непријатните мириси кои можат да бидат симптом на болест.
Ветеринарот од Рим и доктор на науки од Универзитетот во Терамо, Федерико Коча, рече дека смета дека парфемите не треба да се користат за кучиња, бидејќи тие се препознаваат по мирисот.