Доктор Пропаст нема добри вести за светот, но открива која држава е сигурна!

336

Економистот Нуриел Рубини, познат и како Доктор Пропаст, со децении ги плаши инвеститорите со мрачни предвидувања за глобалната економија и пазари. Сега, инвеститорите ќе дознаат дали ќе можат да заработат пари врз основа на неговите предвидувања, пишува Financial Times.

Рубини, кој го добил прекарот Д-р.Пропаст откако ја предвиде светската финансиска криза во 2008 година, на 66-годишна возраст, планира да влезе во светот на берзанските фондови (ETF).

Рубини од есен ќе управува со својот ETF, наречен Atlas America Fund. Како што пишува Блумберг, фондот ќе има активна инвестициска стратегија и ќе има за цел да управува со различни видови средства, вклучувајќи државни, корпоративни и општински обврзници, недвижен имот, акции и злато.

Рубини ќе биде еден од тројцата портфолио менаџери, а фондот ќе биде фокусиран на „постигнување стабилни приноси со мала нестабилност“.

„Оваа стратегија е наменета да ги заштити инвеститорите од негативни ризици, особено за време на периоди на финансиска нестабилност“, велат од Atlas America.

„Со децении ги советувам менаџерите преку економски консултации. Откако пред две години говорев за десетте главни закани за човештвото, сфатив дека се појавуваат различни ризици, нови и поинакви, за кои мора да бидеме загрижени. Фондот ќе се справи токму со таквите ризици“, ја опиша Рубини идејата за Атлас.

Главната мисија на фондот е инвеститорите да не губат пари дури и во вонредни глобални околности. Рубини и неговите колеги сакаат таков начин на инвестирање без ризик да стане американска државна политичка иницијатива, нешто слично на Маршаловиот план, дизајниран да ја „зајакне американската економска стабилност и да обезбеди идниот просперитет“.

„Сакаме да инвестираме во обнова на американската инфраструктура. Сакаме да обезбедиме безбедност на храната, производство на зелени и ретки метали на копно“, рече Рубини.

Ставот на Рубини е дека климатските промени ќе ги направат местата како бреговите на Флорида и Тексас речиси непогодни за живеење, особено кога осигурителните компании ќе ги повлечат полисите и федералната влада повеќе нема да може да си дозволи да ја поправа јавната инфраструктура.

„Веруваме дека ќе има масовна миграција во Северна Америка и дека тоа ќе има значително влијание врз цените на недвижностите“, предупредува Рубини.

Фондот ќе се фокусира на инвестиции во Северна Америка. Имено, Рубини смета дека САД се финансиски најстабилниот пазар. Односно, дека ќе биде многу полошо секаде во светот.

„Ќе има многу немири во светот во следните неколку децении. Ние сме многу побезбедни од Европа и Азија. Имаме илјадници километри океан кој не дели од потенцијалните непријатели и ние самите сме си доволни во производството на храна и ресурси “, заклучува Д-р Пропаст.