
Фудбалерот на Барселона, Педри, одговори на обвинувањата за неговиот наводен неуреден начин на живот и тенденција да излегува навечер.
Некои медиуми го обвинија Педри дека водел бурен живот и често излегува по клубови навечер, поради што реши да одговори на таквите обвиненија.
„Кога имаш многу повреди, тоа ти влијае психички. Секогаш доаѓаат критики, а тие почнуваат да кажуваат работи во стилот „Оди на забави, не се грижиш за себе“, изјави Педри и додаде:
„Се што сакате да направите тогаш е да играте фудбал. Кога не можете да го направите тоа, тогаш е многу тешко. Ако некој сака нека дојде кај мене дома и нека го помине цел ден со мене, но ќе му биде многу досадно бидејќи никаде не излегувам. А тоа би било многу поразлично од тоа што мислат за мене. Кога лажат, се што можеш да направиш е да молчиш”, изјави шпанскиот репрезентативец.
Играчот од средниот ред на каталонскиот гигант сакаше да ги разјасни и наводните разлики со поранешниот тренер на Барса: „Имам добри односи со Чави. Не е точно дека го напаѓам, немам ништо против него. Различниот тренинг не значи дека имам нешто против Чави. Вистина е дека тимот работи добро физички сега. Флик исто така го донесе тоа, и тоа е она што се промени”, додава младиот играч за врска.
Со Шпанија, Педри одигра два меча во Лигата на нации против Холандија, а кога е во прашање Барселона, Педри откри дека никој од ништо не се откажува.
„Зошто да не сонуваме големи работи? Млади сме и имаме амбиција да освоиме многу титули. Би бил многу возбуден ако славиме во Лигата на шампиони, особено затоа што Барса долго време го нема освоено ова натпреварување“.
Педри исто така јасно става до знаење дека евентуалното „Ел Класико“ не би го исплашило во финалето на Лигата на шампионите, особено по овосезонските победи над Реал. „Не треба да се плашиме од никого“, додаде Педри.
Тој го кажа и своето мислење за Златната топка, за која е меѓу фаворитите. „Одлично е што ја ценат вашата работа, но повеќе сакам да освојувам титули за клубот. Самиот факт што си номиниран е сон“.
Педри знае каква возбуда би предизвикала друга фотографија како онаа на Меси, Чави и Иниеста во 2010 година кај навивачите на Барселона.
„Веднаш би потпишал за еден таков пиедестал со Педри, Ламине и Рапфиња. Во било кој редослед“.