Македонија со години е почва за младите американски кошаркари кои најчесто се етаблираат и билдаат статистика за да се продадат во некој од големите европските клубови. Таков е случајот и со Девон Грант, кој своевремено ги бранеше боите на скопски Феникс.

  • Грант во септември потпиша за македонскиот Феникс, објективно тим кој се натпреварува во една од најлошите европски лиги. По неколку недели се пресели во Раднички од Крагуевац, член на Српската кошаркарска лига, која исто така има репутација на слаба лига. Во четвртокот по утринскиот тренинг добил повик кој менува сè! Веќе следниот ден одлетал во Шпанија, а во текот на денот бил платен надоместок и добиено излезно писмо, пишува хрватски „Индекс“.

Инаку, Грант во сабота настапи во најсилната кошаркарска лига – АЦБ, каде имаше импресивни 18 поени во победата на својот нов тим Бреоган Луг над Жирона со 77:74, со што беше јунак на неверојатно важната победа на својот во борбата за опстанок.