НБА-ѕвездата Ентони Дејвис имаше фантастично деби за Далас маверикс, на кој му се приклучи од ЛА Лејкерс, како главна замена за Лука Дончиќ, додека не се повреди во вториот дел од мечот. Се покажа дека повредата е сериозна, дека ќе пропушти неколку недели и дека, можеби, ќе треба да оди на операција.

  • Далас и Ентони Дејвис ќе разговараат за опциите за рехабилитација на Дејвис. Тие ќе истражат дали може да се санира повредата без операција – објави НБА- инсајдерот Марк Стајн.

Дејвис е познат по својата склоност кон повреди, поради што пропушти повеќе од 100 натпревари во три сезони, од 2020 до 2023 година. Минатата сезона беше негова најдобра во однос на достапноста, пропушти само шест натпревари, а оваа сезона пропушти осум во првата полусезона, вклучувајќи ги и првите три по размената во Далас.

Се покажа дека треба да одмори уште малку и дополнително да го санира истегнувањето на стомачниот „ѕид“. Тој се врати на теренот во обид да им се израдува на новите навивачи и да им ја олесни болката поради губењето на омилениот Словенец. Дејвис има проблем со адукторот уште од Њу Орлеанс, каде што ги помина првите седум сезони од својата кариера додека не беше разменет во Лејкерс, во 2019 година.

Во просек бележеше по 24,8 поени, 11 скока, 3,2 асистенции и 2,2 блокади на 312 натпревари за Лејкерси, во текот на пет и пол сезони. Во нивната прва заедничка сезона, тој им помогна да го освојат шампионатот.

Во своето деби за Далас, во победата над Хјустон со 116:105, тој постигна 26 поени, 16 скока, седум асистенции и три блокади пред да се фати за ципите и да оди во соблекувалната.

Доколку се решат Дејвис и Маверикс за поконзервативен третман, би требало да ѝ се врати Дејвис на кошарката за неколку недели. Меѓутоа, ако заклучат дека операцијата е единственото решение, веројатно е дека сезоната за него е веќе завршена. За сезоната, Маверикс веруваше дека има поголеми шанси да ја освои шампионската титула со него отколку со Дончиќ.

ИЗДВОЕНИ