Дојави за бомби во училишта низ Македонија

122

 

Во поголем дел од училишта во Скопје, Штип, Кочани и Куманово  утрово учениците и наставниците се евакуирани поради дојава за бомби. Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат проверки во училиштата и досега е утврдено дека најголем број од дојавите се лажни.

Дојавите за бомби се проверуваат во Oсновните училишта во Скопје, ОУ „Лазо Ангеловски“ , ОУ „Александар Македонски“, ОУ „Димо Хаџи Димов“. Дојава за бомба имало и во ОУ „Магдалена Антова“ во Куманово. Од полицијата информираат дека
-по пристигнатите пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.

Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.Воедно, Министерството за внатрешниработи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот, информираат од МВР

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава.
По дојавите, беше постапено согласно протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани.Повикуваме на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар“ стои во соопштението на Општина Аеродром на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Деновиве дојави за бомби имаше и во училишта во Хрватска, а кај нас во 2022 година имаше серија лажни пријави кои дел беа расветлени.

ИЗДВОЕНИ