Денеска рано изутрина од 5.35 часот на имејл адресите на голем број училишта низ Хрватска почнале да доаѓаат пораки за поставени бомби.
Наставата е откажана, а полицијата цел ден врши проверки и констатира дека дојавите се лажни.
Пораки за поставена бомба се испратени до училишта во Загреб, Чаковец, Пожега, Слатина, Задар, Бакар…
ХРТ јави дека, како што се дознава, во мејловите имало исламистички пораки и предупредувања за одмазда. Според некои медиуми во пораките бил споменат Алах. Медиумите пренесуваат дека и други училишта во Европската унија добиле исти пораки, пратени наводно од ист сервер кој се претпоставува дека е лоциран во Африка, но со сигурност се знае дека не е во ЕУ.
Слични пораки на 27 јануари добиле 230 училишта во Словенија. Според хрватските медиуми во истрагата е вклучен и Европол.