Додик седна до Нетанјаху, обезбедувањето дојде по него и го одведоа/ВИДЕО

121
screenshot IsraeliPM

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик на социјалната мрежа „Х“ објави фотографии и видеа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претставувајќи ја средбата како значаен дипломатски настан. Но, снимките од конференцијата во Ерусалим откриваат поинаква ситуација.

На видеото што го објави самиот Додик, се гледа како му приоѓа на израелскиот премиер по неговото пристигнување, му ја подава раката и, очигледно непоканет, седнува до него.

Тоа видео најверојатно е направено непосредно пред да дојде човек од организацијата и да го тргне од тоа место. Заминувањето на Додик од местото до Нетанјаху може да се види на почетокот на следното видео кое во живо беше емитувано на каналот на израелскиот премиер Јутјуб.

Пред да биде отстранет, Додик успеал да направи неколку фотографии со израелскиот премиер, кои веднаш ги објавил на социјалните мрежи. Сепак, како што наведува „Jerusalem Post“, неговото присуство на конференцијата за антисемитизам било контроверзно бидејќи во Израел станало познато дека против него е покренато обвинение во Босна и Херцеговина. Израелските власти, наводно, јасно му ставиле до знаење дека неговото учество е дипломатски чувствително прашање.

Додик ја напушти конференцијата по само еден час, а подоцна за „Jerusalem Post“ изјавил дека организаторите практично го прогласиле за персона нон грата.

„Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот. Наместо тоа, се чувствував непосакувано – како гостин кој се чувствува како натрапник“, рекол тој во интервјуто кое, според гореспоменатиот медиум, самиот го иницирал.

ИЗДВОЕНИ