Претседателот на Република Српска Милорад Додик на социјалната платформа Х објави дека пристигнал во Босна и Херцеговина.
„Пристигнав дома во моето село. Се гледаме попладне во градот“, напиша Додик во објавата каде што го оневозможи коментирањето на оние кои и тој не ги следи.
Стигао сам кући у село своје. Видимо се поподне у граду.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) April 13, 2025
Да потсетиме, претседателот на РС уште еднаш ја премина државната граница и отпатува за Белград, каде синоќа и покрај распишаната потерница за него, присуствуваше на митингот „Не ја даваме Србија“, кој се оддржа како поддршка на актуелната власт во Србија.
Денеска во Бања Лука ќе се сретне со делегацијата на земјоделците и на Србите кои се активни во српските здрженија од Австрија како и со делегација од Србија, пренесува РТРС.