Додик се огласи ден пред пресудата: „Шмит е арогантен и дрзок, ќе остане само темна дамка во историјата“

15
EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се огласи ден пред да биде изречена пресудата за наводно непочитување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит.

– Кристијан Шмит арогантно и дрско се обидува да покаже дека е над сите – над Уставот, законите, институциите, па дури и над народот! Денеска во Сараево, ден пред да биде изречена политичката пресуда, сака да демонстрира дека е султан, гувернер, полубог кој контролира судбини, менува Устав, закони, избори и демократија како што сака! Но, ние му велиме – ова не е колонија, а српскиот народ не е ничиј поданик! Република Српска не признава диктати и нема да дозволи да се газат нејзините институции! По тебе ќе нè има, а ти ќе останеш само темна дамка во историјата! Не те признаваме ниту тебе ниту твоите одлуки, се што кажуваш е глупост“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.

ИЗДВОЕНИ