Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по кој е распишана централната потерница на Судот на БиХ, успеа да стигне до Москва. Имено, додека БХ судството трага по него, тој без проблем пристигнал во руската престолнина и се обрати до јавноста со видео порака.
„Пристигнав во Москва, секој престој овде го започнувам со посета на гробот на непознатиот војник за да им оддадам почит на 28 милиони Руси кои загинаа во Втората светска војна.
„Повторно ќе бидам овде на 9-ти мај на покана на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот“, напиша тој.
➡️ Стигао сам у Москву. Сваки мој боравак овдjе почињем посјетом споменику Незнаном јунаку како бих одао пошту 28 милиона страдалих Руса у Другом свјетском рату.
➡️ Овдjе ћу бити поново 9. маја на позив предсједника Руске Федерације Владимира Путина на обиљежавању 80. гoдишњице… pic.twitter.com/CMd5jqYda8
— Милорад Додик (@MiloradDodik) March 31, 2025
Мистеријата на “исчезнувањето“ Додик: Пред два дена напиша „Стигнав“, но сè уште никој не знае каде