Тој додаде дека и без опозицијата има „целосно мнозинство, јавноста, како и пријателите со кои се консултира околу многу прашања“.
„Имаме и целосно поинаква опозиција кога е во прашање односот на САД кон нас со новата администрација“, наведе Додик.
Претставниците на опозицијата ги повика на разговор кај него во понеделник до пладне, бидејќи како што рече, по тоа време „ разговорот повеќе нема да има смисла“, бидејќи во посета на Бањалика доаѓа поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани и уште многу други работи“.,
Додик рече дека Дејтонскиот договор е целосрно урнат, нагласувајќи дека остана уште да се урне прашањето за паритетот во одлучувањето.
„Наметната е војска даден и е Судот и Обвинителстовто на БиХ кое не го имаа, фискалните надлежности, фискални овластувања преку Управата за индиректни даноци (ИТА) … „Агенцијата за истраги и заштита (СИПА), Безбедносната разузнавачка служба (ОБА) и Граничната служба на БиХ не се предвидени со Дејтонскиот договор“, рече тој.
Според него, сето тоа се работи кои се „одземени од јурисдикцијата на РС“.
Според првичниот Дејтонски договор, овие надлежности им беа доделени на ентитетите, но преку реформите поддржани од сите партии во парламентот на БиХ, вклучително и Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Додик, тие беа префрлени на државата БиХ.
Така беа формирани Вооружените сили на БиХ, Судот и Обвинителството на БиХ, ИТА, СИПА, ОБА и Граничната служба на БиХ.