Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска беше пуштен на домашно лекување, откако беше опериран на 9 декември во приватна клиника во Белград.
Стигао сам кући у село своје.
Захваљујем љекарском тиму и особљу болнице на професионалном односу и бризи коју су показали. Битка за здравље је посебна и човјеку лично најтежа, зато хвала свима који су ми пружили подршку.
Предстоји ми период рехабилитације и опоравка.— Милорад Додик (@MiloradDodik) December 14, 2024
„Стигнав дома во моето село. Би сакал да им се заблагодарам на медицинскиот тим и болничкиот персонал за професионалниот однос и грижата што ја покажаа. Битката за здравје е посебна и најтешка за човек лично, затоа благодарам на сите што ме поддржаа“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека му претстои период на рехабилитација и опоравување.
Како што претходно соопштија од неговиот кабинет, Додик на 8 декември бил хоспитализиран во Белград поради болки во хранопроводникот и стомакот, а ден подоцна итно бил опериран.