Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека е горд што е под санкции на САД и дека својот натамошен политички пат го планира „со пријателите“, наведувајќи дека тоа се претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Додик и неговите најблиски соработници, меѓу кои се речиси сите водечки луѓе во Република Српска, како и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, се под санкции на американското Министерство за финансии, а сега се соочени со фактот дека банките во БиХ, сите од ред, им ги затвораат сметките и на тој начин се обидуваат да избегнат ситуација во која и самите би ги трпеле последиците со тоа што ќе бидат исклучени од меѓународните платни трансакции.
Додик и неговите соработници сега не можат да добиваат плати, како и заеми или кредитни картички, а со затворањето на банкарските сметки, компаниите што САД ги идентификуваа како извор на финансиска моќ за лидерите на босанските Срби.
Меѓу нив е и фирмата „Интеграл инжењеринг“ од Лакташи, која до неговата смрт минатата година ја водеше пријателот на Додик, Слободан Станковиќ. И покрај тоа што почина, санкциите за неговата компанија останаа, а од таму потврдија дека од досегашните 17 сметки, банките затвориле 15, а наскоро очекуваат да ги блокираат и останатите две, па не не знаат како ќе продолжат да работат, пишува Индекс.хр.
И покрај фактот што поради санкциите стана несолвентен, Додик денеска изјави дека „не му е грижа за американските санкции“ и дека тоа нема да го одврати од неговата политика.
-Имаме и други пријатели, рече Додик, а обидувајќи се да ги наброи, ги спомна Вучиќ, Путин и Орбан, а особено сметаше на соработка со Будимпешта и Белград, кој го нарече и негов главен град.
„Унгарија, Република Српска и Србија ќе се здружат во некаков вид економска унија“, најави Додик.