Додик од Израел по распишаната потерница: Следната недела ќе се вратам во БиХ

41
EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Претседаѕелот на Република српска, Милорад Додик, во четвртокот во Израел најави дека планира да се врати во Босна и Херцеговина следната недела и го нарече издавањето меѓународна потерница за него уште една злоупотреба на судството за постигнување политички цели.

„Ќе продолжам со моите активности. Ме чекаат уште некои важни активности во наредните денови за Република Српска и мирно ќе се вратам во РС следната недела“, изјави Додик, цитиран од порталот на јавниот сервис РТРС.

Тој беше во Ерусалим за да учествува на конференција посветена на борбата против антисемитизмот организирана од израелското Министерство за дијаспора.

Додик во вторникот отпатува за Израел од Белград, а околностите под кои ја преминал границата и покрај внатрешната потерница издадена по него, сè уште се под истрага на Граничната полиција на БиХ.

Судот на БиХ побара Интерпол да издаде налози за апсење на Додик и Стевандиќ

Како Додик успеал да ја премине границата и да излезе од БиХ? Истрагата открива чудни детали

ИЗДВОЕНИ